Десет сантиметри ме делеа од крајот на кариерата, во шок на новинарите им рекол Франко Кироз, аргентински фудбалер во кого за време на натпревар пукал полицаец.
Кироз, кој настапува за аргентинскиот второлигаш Алмагро, се обидувал да ги смири навивачите на неговиот тим кои започнале да дивеат откако тимот примил гол во 90.минута на натпреварот со Парана.
Полицијата, со гумени куршуми, се обидела да воспостави ред меѓу навивачите, а еден од куршумите го погодил в глава фудбалерот, кој обидувајќи се да ги вразмуми навивачите се наоѓал помеѓу нив и полицијата.
„Гумен куршум ми отстранија од главата, остана само дупка, но за среќа не сум во животна опасност“, им открил на новинарите 26-годишниот фудбалер.
OhridNews