Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Илкај Гундоган посакува трансфер во тимот на Манчестер Сити кој следната сезона ќе го води Пеп Гвардиола.
Германскиот репрезентативец подготвен е да ги одбие понудите на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Барселона само да се пресели на „Етихад“.
Еден од лидерите на „милионерите“ оваа сезона е откритие на Јирген Клоп кој моментално е на менаџерската фунцкија во Ливерпул.
Доаѓањето на Гвардиола на Етихад ќе значи и ремонт на екипата, а сигурно Гундоган би бил важен дел од мозаикот кој ќе треба да го склопи шпанскиот стратег.
Манчестер Сити на „милионерите“ за услугите на Гундоган ќе им исплатат од 25 до 30 милиони евра.
OhridNews











