Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган најверојатно ќе биде првото засилување за Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.


Гундоган поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Франција и почетокот од новата сезона, но тоа не преставува проблем за „граѓаните“ кои во Германецот гледаат лидер за средниот ред. 

Клубот од Етихад за услугите на фудбалерот на врска ќе плати 20 милиони фунти плус дополнителни бонуси во случај на успех односно титули во Лигата на Шампиони и Премиер лигата.

Гундоган од Нирнберг во 2011 година направи трансфер во Борусија Дортмунд каде што се афиримираше во добар фудбалер и репрезентативец на Германија.

OhridNews