Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган најверојатно ќе биде прва трансфер бомба во Премиер лигата следната сезона откако од Борусија Дортмунд ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ за услугите на Гундоган, кој договор со „милионерите“ има уште една сезона ќе платат 30 милиони евра.
Гундоган на Олд Трафорд ќе треба да го замени Мајкл Карик во средината од теренот, кој сезонава беше „срцето“ на екипата.
Покрај овој трансфер „ѓаволите“ се поврзуваат со Мемфис Депај, Мет Хумелс и Герет Бејл.
Мх.П.