Охридските “бели“ на првиот меч во последниот трет круг на домашен терен го пречекуваат вицешампионот Металург. Повеќе од потребна е победата за “рибарите“ кои до крајот на лигата грчевито ќе се борат за опстанок во елитата.

– Доста значаен меч за нас е овој против Металург. Екипата е располозена и ние ќе ја играме нашата игра без разлика кој е противник., Нема што да калкулираме, ќе тргнеме офанзивно  и ќе направиме се` да ги освоиме трите бода. Секој меч за нас е квалификациски, а посебно на домашен терен каде не е дозволен кикс. Повеќе од потребни ни се бодовите, во трката за опстанокот која сигурно ке трае до последните рунди – вели српскиот интернационалец  Ѓуровиќ Немања кој на досегашните четири меча постигна еден гол.

На воведниот меч од оваа рунда Работнички на домашен терен претпре пораз 3-1 од Брегалница. Останатите мечеви се играат со почеток во 16 часот.

Двојки :

Рaбoтнички Брегалница 1-3
11 Октомври Силекс
Хоризонт Турново Ренова
Тетекс Шкeндијa
Охрид Металург
Нaпрeдoк Вардар

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 Вардар 23 18 5 0 38:9 59
2 Металург 23 12 9 2 32:10 45
3 Шкeндијa 23 13 5 5 35:19 44
4 Ренова 23 7 11 5 34:25 32
5 Брегалница 2008 24 9 5 10 33:32 32
6 Рaбoтнички 24 8 6 10 35:31 30
7 Силекс 23 9 3 11 28:34 30
8 Нaпрeдoк 23 7 5 11 21:35 26
9 Охрид 2004 23 6 6 11 19:32 24
10 Хоризонт Турново 23 6 5 12 19:28 23
11 Тетекс 23 5 8 10 15:35 23
12 11 Октомври 23 2 6 15 17:36 12