Германскиот гигнат Вердер од Бремен се вклучил во трката за потписот на македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски, пишуваат грчките медиуми.


Ѓуровски требаше деновиде да стави потпис на договорот со грчкиот прволигаш Ерготелис но во последен момент можно е да се случи пресврт, откако до раководството на Војводина стигнала понуда од бундеслигашот во висина од 150.000 евра како отштета за предвременото заминување на Ѓуровски.

Македонскиот репрезентативец Марио
Ѓуровски имаше одлична полусезона зад себе но и покрај забележителните
настапи, вниманието на јавноста кон себе го сврте со „Балотели – потег“,
кога по промашениот пенал на мечот со ОФК Београд беше заменет, а при
излегувањето од игра на тревата го фрли „црвено-белиот“ дрес на
Војводина.

М.П.