Одржан и четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, во организација на МССФ во националниот тренинг центар во Скопје, на кој учество зедоа околу осумдесетина учесници.

Во категорија јуниори на пиштол, Иван Милевски од СК „Охрид“ со идентичен резултат од 530 кругови, исто како и првопласираниот, но послаба последна серија ја зазеде вицешампионската позиција. Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со исклучително слаб резултат се пласира на 4-тата позиција, додека Никола Тодороски од СК „Охрид“ и овој пат заврши како 5-то пласиран.

Кај сениорите на пиштол на 6-та односно 7-ма позиција завршија Даниел Михајловиќ и Велибор Балоски со 520 и 513 кругови.

Кај јуниорките на пиштол пад за едно место и пласман на вицешампионска позиција во однос на претходниот Куп за нашата најдобра репрезентативка Стефанија Велјаноска од СК „Охрид“ со далеку послаб резултат од 524 кругови. Наталија Савеска од ЖСК „Лихнидос“ овојпат се пласира на 3-тата позиција со резултат од 521 круг, додека нејзините клупски другарки Милица Кочовска и Стефани Савеска се пласираа на 4-тата, односно 7-мата позиција со резултат од 518, односно 491 кругови. Младата Теодора Мицкоска од СК „Охрид“ која брзо напредува и овој пат се најде на 8-мата позиција со резултат од 489 кругови.

Кај јуниорките на пушка вицешампионската позиција со резултат од 587,5 кругови за Теодора Спироска од СК „Охрид“ додека 4-тата позиција за Тамара Кичеец со резултат од 576,5 круга. Ана Баулоска пак од СК „Охрид“ заврши како 11-та, со резултат од 471,9 круга. Кај сениорките на пушка 5-та позиција за Ива Маленко од СК „Охрид“ со резултат од 591.9 круга. Кај јуниорите на пушка, Кристијан Балоски се пласира на 7-мата позиција со резултат од 584.3, Јован Баулоски на 11-тата со резултат од 574,3 круга, Марко Трпески се пласира на 15-тата позиција со 529,5 круга, додека Андреј Серафиноски со 464.9 круга се пласира на 16-тата позиција.

Кај сениорките на пиштол трета позиција за Валентина Гоџоска од ЖСК „Лихнидос“ со исклучително лош резултат од 459 кругови.

За викендов што следи, дел од членовите на двата охридски клуба ќе земат учество на меѓународниот Турнир-Пирин во Благоевград-Р.Бугарија, а за наредниот викенд планирано е учество на јуниорите на престижниот Walther Youth Cup, во Смедерево.

OhridNews