Милко Ѓуровски утре ќе биде назначен за нов тренер на Вардар.

Фамилијата Костовски која управува со Вардар се одлучи на промена по серијата слаби резултати и елиминацијата во Купот од Ренова.

Жикица Тасевски како предводник на црвено-црните не успеа да извојува ниту една победа, но  сепак Тасевски ќе добие понуда да му асистира на Ѓуровски, нешто што работеше кога Ратко Достаниќ беше на чело на Вардар.
 
Милко Ѓуровски на клупата на Вардар ќе дебитира в недела во Кратово против Силекс.

ohridnews