Црн чад од кај планината Кајмакчалан се издигнува  во долниот дел на Пелагониската котлина, јави телевизија Тера, пренесува „Макфакс“.

Според информациите од битолската противпожарна единица , вечерва тие интервенирале на запалени бараки на влезот пред Новаци, кои неколку дена неколку пати биле опожарувани.

И пожарникарите кои таму интервенираат не можат со сигурност да кажат од каде доаѓа црниот чад кој се прошири долж планината која е на јужната страна на Пелагонија.

Засега нема потврда дали станува збор за пожар на Кајмакчалан, од каде на моменти се гледа и пламен.

„Нова Македонија“ јавува дека густиот час се извива од РЕК „Битола“, а се уште не знае што точно гори во комбинатот.

OhridNews