Охридските љубители на џез музиката во недела на 31-ви јануари во Домот на културата „Григор Прличев“ ќе може да уживаат во концертот на музичкиот состав „GUSTAVUS JAZZ LAB BAND“ од Минесота – САД. Концертот ќе започне во 11 часот, а влезот е бесплатен.

Составот „GUSTAVUS JAZZ LAB BAND“ го сочинуваат музичари кои студираат на Колеџот Густавус Адолфус (Gustavus Adolphus College). Во својата педесетгодишна традиција составот има одржано голем број на концертни активности во САД и во странство, а  има снимено и издадено повеќе студиски албуми. Последниот албум носи  наслов „On the road“ и е издаден во 2013 година.

На концертот во Охрид, музичкиот состав ќе настапи со над 50-тина музичари под диригентаската палка на професорот Дејв Стемпс.

Одржувањето на концертот е овозможено од Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.

OhridNews