Ротари клубот „Охрид“ домаќин на Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 кој го сочинуваат клубовите од Словенија и Македонија, Раде Христовски од Ротари клубот „Битола“.

На состанокот на клубот стана збор за тековните работи и идните планови и активности во насока на реализација на проекти од важност на заедницата, како и зајакнување на Ротаријанското движење во Македонија. Гувернерот на Ротари дистриктот 1912 на клубовите од Словенија и Македонија, Раде Христовски од Ротари клубот Битола е првиот македонски Гувернер на Ротари дистрикт, нешто што е од особена важност за нашите клубови и претставува потврда и признание за Ротаријанството во Македонија, велат од Ротари клубот „Охрид“.

Гувернерот, додаваат, важи за искрен пријател на Ротари клубот „Охрид“, чија што посета е дел од агендата на Гувернерот за посета и присуство на состаноци на Ротари клубовите кои се дел од нашиот дистрикт.

Инаку, Ротари клубот од Охрид важи за еден од првите Ротари клубови во Македонија и претставува важна алка на Ротаријанството како во Македонија, така и пошироко, клуб кој со својата долгогодишна дејност се истакнал со проекти од голема важност за нашата заедница, градот Охрид, околината и државата, притоа соработувајќи со клубови во и надвор од нашата земја на локални и меѓународни проекти кои до ден денес се во директен бенефит особено на нашата локална заедница.

OhridNews