Екипата на Охрид Лихнидос викендов на СРЦ „Билјанини извори“ убедливо го совлада Новаци со 3:0 и се врати на врвот на табелата во Втората фудбалска лига.

Стрелци на головите за Охрид беа Антонио Каланоски во првото полувреме, Димитриј Димитровски и Иван Глигоров во второто. Гостите имаа можност да го ублажат поразот но голманот на Охрид Дамјан Серафимов успеа да одбрани удар од белата точка.

Дерби натпреварот во 24 коло во Втората лига се одигра во Скопје помеѓу истоимената екипа и Брегалница Штип. Славеа гостите минимално 0:1.

На табелата води Охрид со 52 бода, колку што имаат и Шкендија Арачиново и Брегалница, следи Скопје со 50 бода.

Г.М.