Фудбалерите на Гвангжу Евергранде се пласираа во полуфиналето на Светското првенство за клубови, откако во четвртфиналето, во Осака, славеа над Клуб Америка со 2:1.
Шампионот на Кина и Азија до триумфот во четвртфиналето стигна со пресврт, откако Клуб Америка во 55.минута го постигна првиот гол на мечот преку Пералта.
Кинескиот шампион израмни во 80.минута преку Женг Лонг, а до победата стигна со голот на Паулињо во судиското надополнување на времето.
Екипата која ја предводи Луис Фелипе Сколари во полуфиналето ќе игра против Барселона, натпреварот ќе се одигра на 17.декември. Во второто четвртфинале ќе играат ТП Мазембе и Хирошима.
Ohridnews











