Сите пофалби за победата на Барселона од 3-0 над Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар одат за Лионел Меси, кој брилираше постигнувајќи два погодоци и асистирајќи за голот на Нејмар.
Поранешниот стратег на каталонците Пеп Гвардиола нема по добро да го памети враќањето на Ноу Камп, кој смета дека неговите избраници биле блиску до целта.
– Знаевме што не чека. Барселона е во инзводредна форма. Ние успевавме во нашите намери се до 75-та минута кога потклекнавме. До тие мигови исто така успевавме да го изолираме и Меси, но тој уште еднаш ја покажа својата класа. Сепак, не сакам да го издвојувам само него бидејќи Барсе не е само Меси туку целата екипа одигра блескаво во последните 15 минути од натпреварот. – рече Гвардиола.
Сосема очекувано задоволството беше големо во таборот на Барселона по триумфот, кој широко им ги отвори вратите за финалето во Берлин.
– Гвардиола не изостана од својот игра, а истото го направивме и ние. Баерн Минхен имаше само една шанса преку Левандовски што говори за нашата надмоќност. Резултатот е фантастичен и мислам дека финалето ни е на дофат. Сепак, има уште еден натпревар и треба да го одиграме исто вака за да ја потврдиме нашата цел за сезонава. – потенцираше Луис Енрике.
Мх.П.