Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола успешната тренерска кариера ќе ја продолжи во англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.


Како што објавува „BBC“, Гвардиола по завршување на сезоната ќе го наследи Мануел Пелегрини, а ќе потпиши три годишен договор со „граѓаните“.

Сегашниот менаџер на Манчестер Сити, Пелегрини ќе се повлече од функцијата менаџер на која беше назначен во 2013 година.

Манчестер Сити за потписот на Гвардиола го победи Манчестер Јунајтед кој најверојатно ќе направи менаџерска промена по завршување на сезоната.

Шпанскиот стручњак со тимот на Барселона освои две титули во Лигата на Шампиони и три во Ла Лига, а во Баерн успеа да освои по две титули во Бундес лигата и Купот на Германија.

OhridNews