Првиот човек на стручниот штаб во Баерн Минхен, Пеп Гвардиола во чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал најде замена за Бастијан Швајнштајгер кој замина во Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот е завршена работа и дека во најбрз можен рок ќе биде официјализиран.
„Старата дама“ ќе инкасира 40 милиони евра за најдобриот играч во финалето од последното издание на Копа Америка.
Парите од продажбата на Видал европскиот вицепрва ќе ги искористи за купување на Јулијан Дрекслер кој настапува за Шалке и е еден од најталентираните германски фудбалери.
Ohridnews