Пеп Гвардиола продолжува да го крева гласот против добрите и квалитетните играчи во Манчестер Сити. На ред после Џо Харт и Јај Туре дојдоа Серхио Агуеро и капитенот на екипата, Винсент Компани.


Шпанскиот стручњак поради тактички причини го изостави Агуеро од првиот состав против Барселона во мечот од ЛШ, а во игра го внесе кога Манчестер Сити имаше негатива 4-0.

Гвардиола воопшто во тимот за гостувањето во Барселона не го приклучи Компани иако дефанзивецот заздрави од повредата.

Фудбалерите во минатото и сега кои имале лоша комуникација со Гвардиола не завршувале најдобро, а најнови жртва се детето на „граѓаните“, Џо Харт кој замина на позајмица во Торино и Јаја Туре кој тренира со втората екипа.

OhridNews