Секој тренер во клубот со себе носи свои принципи, а кога тиа ќе ги направи успешен стратег како Пеп Гвардиола мора и треба да се почитуваат.
Шпанскиот стручњак покрај тактичките методи препознатливи само за него на Етихад ќе применува и здрава исхрана.
Гвардиола од клупското мени остранил пица и тешка храна, а на играчите им ставил до знаење дека ако некој има килограми плус од пропишаните ќе биде казнет односно суспендиран.
– Се ни разјасни за работите на теренот и надвор од него. Тој внимава на секој детал, едноставно тој е перфекционист. – откри Гаел Клиши.
Првиот фудбалер кој на своја кожа ги осети(л) дисциплинските мерки на Гвардиола е Самир Насри.
Како што пренесуваат медиумите од осторовот Французинот не тренирал како што треба, а имал и килограми плус од дозволеното.
OhridNews