Пеп Гвардиола го воодушеви светот со разговорот со фудбалерот на Бурнмаут, Хери Артер после мечот кој Манчестер Сити го доби со 2-0. Шпанецот му пријде на фудбалерот кој пред две години ја загуби новородената ќерка чие име го има тетовирано на подлактицата.
– Многу ми е жал што толку рано ви се случила семејна трагедија. Ви ја посакувам целата среќа на овој свет. – била пораката од Гвардиола за Артер. Суштината на разговорот ја отркил фудбалерот кој после тоа изјавил – Секој натпревар го играм за неа. Морам да ја направам горда ако во некој случај ме гледа од небото.
Сопругата на фудбалерот повторно е трудна и во текот на овој месец треба да се породи.
„Граѓаните“ ја „раситнаа“ предноста Челси (видео)
OhridNews