Еден од фаворитите за трофејот во Лигата на Шампиони, Манчестер Сити во 1/4 финалето ги заврши мечевите, откако изгуби во двата мечеви со Ливерпул со вкупен резултат (5-1).
„Граѓаните“ на домашен терен постигнаа погодок во раната фаза од мечот и поведоа со 1-0, а пред крајот на првиот дел постигнаа уште еден кој им беше поништен. Помеѓу паузата Пеп Гвардиола му се обрати на судија Матео Лахоз, кој пак го острани шпанскиот стручњак на трибините.
– Му реков дека тоа беше чист гол, дека Милнер додаде до Сане, а со оглед на тоа што играч на Ливерпул ја удри топката не беше офсајд. И поради тоа ме исклучи. Јас не го навредив. Би било поинаку ако заминавме на одморот со 2:0. – рече Гвардиола.
Манчестер Сити сезонава го освои трофејот во Лига купот, а истото ќе го направи во Премиер лигата, но останува без титулата која навивачите ја бараат од него.
OhridNews