По завршувањето на сезоната во фудбалскиот свет можеби ќе се оствари најголемиот трансфер во историјата на фудбалот ако Пеп Гвардиола и Лионел Меси во пакет го засилат тимот на Манчестер Сити.


Оваа сензационална вест која силно одекна во светот ја пренесоа неколку влијателни медиуми во фудбалот и спортот воопшто.

Гвардиола на кој му завршува три годишниот договор со „баварците“ како слободен агент ќе го засили Манчестер Сити.

Но, шпанскиот стратег имал свои бараања, а тие биле да го доведат Лионел Меси на Етихад, нешто што речиси е невозможна мисија.

Ohridnews