Шпанскиот стручњак на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по завршување на тековната сезона ќе ја засили екипата со фудбалери од Барселона и Баерн Минхен.
Гвардиола, ќе го засили средниот ред и одбраната кои се болни точки на „граѓаните“ сезонава, бидејќи нападот добро си одработува задачата.
Во средината од теренот, Пеп ќе го донесе хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ кој последниве месец дена се најде во немилост кај Луис Енрике.
Ракитиќ кој играше стандардно минатите две сезони и пола од оваа, наводно одбил нов договор или пак барал покачување на платата. Челниците од Барселона незадоволни од барањата на Хрватот одлучиле да го казнат, односно да го потиснат од екипата.
Вториот фудбалер за кој е заинтересиран Гвардиола е стоперот на „баварците“, Холгер Бадштубер. Дефанзивецот на Баерн Минхен е најровитиот фудбалер на денешницата, бидејќи почесто е надвор отколку на терените.
Во последниве три сезони германскиот репрезентативец нема одиграно повеќе од 30 натпревари, а операција правеше на двете колена.
Бадштубер треба да биде решение за дефанзивните проблеми на Пеп кои скапо го чинеа составот на Манчестер Сити во досегашните мечеви во Премиер лигата.
OhridNews