Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола и неговите избраници претрпеа убедлив пораз од Барселона (4-0) во дербито од третата рунда во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Три од четирите погодоци за каталонците постигна Лионел Меси, а печат на победата стави Нејмар кој пак претходно не реализираше удар од белата точка.
– Меѓу два начини можевме да одбираме за пристапување на дуелот со Барселона. Можевме да се повлечиме и на тој начин да го браниме својот гол, но јас не сакам така и никогаш не играм така со својот тим. Ние изгубиве многу, но храбро игравме бидејќи имавме 3-4 прилики за погодок на негатива 1-0. После исклучувањето на Клаудио Браво, Барселона доминираше и тука немаше ништо што да правиме. – рече Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити влезе во мини резултатска криза, откако на последните четири мечеви нема забележано победа.
ЛШ: Меси го потопи Манчестер Сити на Ноу Камп ! (видео)
OhridNews