Есенскиот првак Баерн Минхен со убедлив пораз 4-1 од Волфзбург ја започна пролетната полусезона во Бундес лигата.
– Мора брзо да се поправиме бидејќи не наликувавме на себе. Погрешивме многу, а можам само да им честитам на противниците за комплетната игра во текот на целиот натпревар – рече Пеп Гвардиола тренерот на „баварците“.
Пред почетокот на мечот публиката на Волфзбург со громогласен аплауз и фантастична кореографија го испратија Маланда во вечноста, кој неодамна загина во сообраќајна несреќа.
Мх.П.