Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ први минаа низ целта со еден бод повеќе во однос на Ливерпул, кој поголем дел од сезоната беше водечка екипа на табелата. Во последната рунда Манчестер Сити славеше кај Брајтон 4-1 и не испушти шанса да ја зграпчи титулата во Премиер лигата.

  • Титулата ни знач многу. Многу напорно работевме да стигнеме до овој успех. Пред се сакам да му честитам на Ливерпул и да му се заблагодарам за допринесот кој го имаа во нашиот развој. Многу бевме подобри од минатата сезона, а сето тоа беше поради Ливерпул кој извлече максимум од нас. Во последните три месеци не испуштивме ниту еден бод, победивме на 14 мечеви со играње фудбал. Штета за неуспехот во ЛШ, но нашите играчи таму храбро отпаднаа. Обично, после таква елиминација екипата паѓа психички, но нам тоа не ни се случи и заслужено се најдовме на врвот. – изјави Гвардиола.

За шпанскиот стручњак ова беше втора титула од Премиер лигата во третата сезона на клупата од Манчестер Сити, а осма во последните десет години како тренер. Манчестер Сити стигна до шестата титула во Премиер лигата.

OhridNews

Фото финишот им припадна на „граѓаните“, Манчестер Сити старо-нов шампион во ПЛ! (видео)