Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола задоволен е од играта на неговите избраници во дуелот со Евертон кој заврши без победник 1-1. „Граѓаните“ речиси цело второ полувреме играа со фудбалер помалку и во таква ситуација стигнаа до реми.

– Игравме на победа без разлика што имавме фудбалер помалку. Овој е еден од мечевите кој вечно ќе го паметам во Манчестер Сити, бидејќи покажавме преголем мотив и желба за победа. Воопшто не беше лесно, но се трудевме иако промашувавме некои шанси не се откажувавме. – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити при негатива од 1-0 во 45-та минута остана со дефицит играч, откако Кајл Вокер заработи втор жолт, автоматски црвен картон. Бодот за домаќините на Етихад го осигура Рахим Стерлинг со гол во 82-та минута.

OhridNews