По клубот и навивачите на Мајнц, официјалните лица од Бундес лигата честитки за успешноста и истрајноста на Николче Новески испрати и тренерот на германскиот првак, Пеп Гвардиола.


Шпанскиот стручњак Гвардиола после натпреварот меѓу Баерн Минхен и Мајнц разговарал со Новески, кој го одигра последниот меч во Бундес лигата.

– Ми пријде и ми честиташе за сето она што го минав тука. Ми посака се најдобро во иднина. Му кажав и јас некои зборови и му посакав уште многу титули. – рече Новески, а пренесува „Македонски спорт“.

Македонскиот интернационалец во дресот на Мајнц помина 11 години и стана рекордер во клубот по бројот на настапи.

Мх.П.