Шпанскиот стратег на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека ако сака Лерој Сане да го напушти клубот од Етихад нема намера да го задржи, бидејќи не сака фудбалери во своите редови кои не се задоволни. Сане се поврзува со трансфер во Баерн Минхен. „Баварците“ во германскиот репрезентативец гледаат нов лидер, откако Арјен Робен и Френк Рибери го напуштија клубот после завршување на минатата сезона.

  • Клубот му понуди нов договор и продолжување на соработката. Реков многу пати дека сакам играчи кои ќе бидат среќни во Манчестер Сити. Ќе пробаме да му помогниме да биде најдобар што може. Знаеме каков потенцијал има и со што располага како фудбалер. Тешко ќе биде да се надополни негово евентуално отсуство, но што е тука е. – потенцираше Гвардиола.

Сане во Манчестер Сити се пресели од Шалке пред три години и под палка на Гвардиола е една од ударните игли во нападот. Сане е стандарден репрезентативец на Германија.

Цената на Сане на трансфер маркетот изнесува 70 милиони евра, а како што одминува времето се помали се шансите „баварците“ да го ангажираат. Новата сезона во Премиер лигата стартува на 11 август.

OhridNews