Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола на клупата од Манчестер Сити одново ќе бие битка со Жозе Мурињо кој ќе го предводи градскиот ривал Манчестер Јунајтед.


Гвардиола, во интервју за англиските медиуми се осврна за ривалството со Мурињо, за состојбите во англискиот фудбал и очекувањата од него.

– Сезоната која доаѓа ќе биде најинтересна во последниве неколку години. Нешто поради ривалството на екипите, а нешто и поради тренерите кои годинава или лани пристагнаа во Премиер лигата. Тука се Конте, Клоп со кој имав неколку дуели во Бундес лигата и Мурињо кој ми има многу помогнато во мојата кариера. Португалецот со својата работа ме натера повеќе да се фокусирам, да барам повеќе решенија, да барам излез од секоја ситуација. Реков и пак ќе напоменам, ќе биде ова возбудлива сезона во Премиер лигата. – рече Гвардиола.


Првата меѓусебна пресметка Гвардиола и Мурињо ќе ја имаат на почетокот од септември во 4-та рунда од англискиот шампионат.

OhridNews