Предводникот на Манчестер Сити од клупата Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната која заврши викендов кој измина.

Наградата за Гвардиола е очекувана и заслужена, откако „граѓаните“ ја добија трката за титулата со Ливерпул и го одбранија тронот на кој се искачија и минатата сезона.

Со двете последователни признанија, Гвардиола им се придружи на Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, кои, се единствени со таков учинок до сега во Премиер лигата.

Шпанскиот стручњак во трката ги победи менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп и Маурицио Почетино кој е менаџер на Тотенхем.

OhridNews