Англиската Премиер лига остана само со Лестер како преставник во 1/4 финалето, откако Монако го елиминираше составот на Манчестер Сити. Вкупниот скор меѓу „граѓаните“ и „кнезовите“ беше нерешен 6-6, но французите поради голот повеќе во гости се пласираа меѓу најдобрите осум.


– Игравме фантастично во второто полувреме, но заборавивме тоа го правиме во првиот дел во кој ништо не игравме. Сакавме да се браниме агресивно, но не започнавме така и му дозволивме на противникот да креира шанси од кој постигна два погодоци. Како што кажав во второто полувреме имавме неколку шанси реализиравме само една и кога се` ќе се собере елиминацијата беше неизбежна. Головите после прекини се злато вредни, а ние во реванш натпреварот примивме токму таков. Сигурно многу ќе научиме од поразот и елиминацијата. – изјави Пеп Гвардиола.


Монако со елиминацијата на Манчестер Сити му го расипа перфекниот скор на Гвардиола во осминафиналните пресметки во Лигата на Шампиони. Исто така Манчестер Сити е прва екипа која отпаѓа во нокаут фазата после пет голови постигнати во првиот натпревар.

„Кнезовите“ го расипаа перфектниот учинок на Гвардиола во ЛШ

ЛШ: „Голот во гости“ среќен за Монако против Манчестер Сити (видео)

OhridNews