Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола на клупата од Баерн Минхен ја „троши“ втората сезона, а се појавија шпекулации дека можеби ќе замине во Манчестер Сити.


Гвардиола на клупата од германскиот гигант го замени Хуп Хејнкенс, кој успеа со „баварците“ да освои тројна круна.

– Не размислувам за заминување од Баерн Минхен. Се надевам дека ќе останам уште четири, пет или шест години. Се зависи од клубот и сутиацијата, но сега тоа не е важно. – рече Шпанецот.

Актуелниот договор на Гвардиола истекува во јуни 2016 година, а преговите за нов се одложени по завршување на оваа сезона.

Ohridnews