Триумфот на Олд Трафорд над Манчестер Јунајтед, двоцифрената предност на табелата и продолжувањето на импозатната победничка серија не го залажува тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола дека работата е завршена во Премиер лигата.

– Оваа победа многу ќе ни значи пред дуелот со Свонси кој се игра на сред недела и сигурно во услови кои ќе бидат далеку од идеални. Допрва престојат тешките битки за бодови, затоа можам да кажам дека ништо не е решено. Шампион не се станува во декември, туку во последната рунда кога ќе кренеш трофејот. – изјави шпанскиот стручњак.

Тој додаде дека цврсто верувал во својот систем иако минатата сезона поминала лошо и без освоен трофеј. – Луѓето викаа дека играта која ја практикував во Барселона не ќе можам да ја пресликам во Англија. После година и пол гледате дека се е можно. Фудбалерите се најзаслужни за имплементирањето на мојот систем, бидејќи јас ќе им кажам, но тие треба моите мисли да ги спроведат на теренот.

Лукаку го уништи Јунајтед, Сити маршира кон тронот во Англија (видео)

Едерсон во стилот на Де Геа ги откажа „ѓаволите“ (видео)

OhridNews