Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски го крена светот на нозе откако на мечот со Волфзбург за Баерн Минхен успеа да постигна пет погодоци за девет минути. Во шок и неверување по петтиот погодок кој беше и најубав остана и Пеп Гвардиола. Токму тој е најзаслужен за подвигот на Полјакот откако на полувремето го внесе во игра на местото од Тијаго Алкантара.

Ohridnews