Шпанскиот стручњак на клупата од Баерн Минхен, Пеп Гвардиола се изедначи со Сер Алекс Фергусон и Карло Анчелоти откако по седми пат ќе биде дел со својата екипа во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.


„Баварците“ во 1/4 финалето ја елиминираа Бенфика со вкупен резултат (3-2). Минималната победа (1-0) на германците на „Алијанц Арената“ се покажа како пресудна за пласман во најдобрите четири.

– Бенфика ни пружи голем отпор и покажа дека сосема заслужено се пласираа во 1/4 финалето. Сепак, ние одигравме два речиси фантастични натпревари и сосема заслужено поминавме понатаму. Жал ми е за Кристијано Роналдо кој знам дека во 1/2 финалето ја посакуваше Бенфика, а не ние или пак некој од другите потенцијални противници. До мечевите од 1/2 финалето имаме многу работа во Бундес лигата и целосно ќе се фокусираме на мечевите од првенството. – рече Гвардиола.


Ждребката за полуфиналните двојки е во петок со почеток во 12 часот, а екипи учесници се Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

OhridNews