Шпанскиот стручњак на клупата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола остана дециден на својот став околу иднина на Јаја Туре на Етихад стадионот. Гвардиола побара извинување од менаџерот на Јаја Туре кој јавно преку медиумите го нападна Шпанецот.
– Порано, кога јас бев играч незамисливо беше да се коментираат одлуките на Јохан Кројф. Можеби времињата се променија, но некои работи јас ги почитувам, а тоа ќе мора да го прават и сите кои се поврзани со Манчестер Сити. Се додека менаџерот на фудбалерот, Димитри Селук јавно не им се извини на клубот, играчите и мене неговиот клиент ќе биде надвор од теренот. – рече Гвардиола.
Менаџерот на Јаја Туре не чекаше премногу и повторно „распали“ по Гвардиола. – Тој победи неколку натпревари и веднаш помисли дека е крал во фудбалот. Јас да се извинам ? Прво треба тој да му се извини на Мануел Пелегрини за она што му го направи минатата сезона.
Сепак, најголем губитник од расправата на Гвардиола и Селук е Јаја Туре кој сезонава се уште нема официјален натпревар во Премиер лигата.
OhridNews