Шпанскиот стратег на клупата од Баерн Минхен, Пеп Гвардиола капитулираше во полуфиналето од Лигата на Шампиони пред својот поранешен клуб Барселона.
Сепак, „баварците“ се простија храбро победувајќи ги каталонците (3-2) покрај негативата од 2-1 во текот на мечот.
– И сами видовте дека не се предадовме и одигравме со сите наши сили. Жал ми е што вака заврши, но треба да и честитаме на Барселона бидејќи сосема заслужено обезбеди пласман во финалето. Јас од срце и посакувам многу среќа во финалето и со трофеј од ЛШ да ја заокружаат неверојатната сезона. – рече Гвардиола.
Втора година во низа фудбалерите на Баерн Минхен во 1/2 финалето од ЛШ испаѓаат од шпански преставник откако минатата сезона непреминлива пречка за нив беше Реал Мадрид.
Мх.П.