Шпанскиот стручњак на клупата од Баерн Минхен, Пеп Гвардиола во својата книга опиша неколку интересни работи околу ангажманот во германскиот гигант.


Тој во книгата на неколку страници го има објаснато запознавањето и комуницирањето со хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ.

– На почетокот имавме напнат разговор. Не почнавме баш најдобро и од првиот ден се виде дека нема да имаме пријателски однос бидејќи немаше хемија. Но, сакам да кажам дека не постои напаѓач центарфор, кој повеќе работи за екипата од него. – напиша Гвардиола во книгата.

Манџукиќ замина во Атлетико Мадрид по една сезона мината под палката на Гвардиола на „Алијанц арената“.

Ohridnews