Манчестер Сити во градскиот ривал Манчестер Јунајтед доби сериозен ривал во трката за потписот на Алексис Санчез кој е член на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

„Топчиите“ се најдоа во небрано и ако не најдат заеднички јазик со чилеанскиот репрезентативец за нов договор ќе мора да го продаваат, бидејќи после завршување на сезоната ќе биде слободен играч и може без оштета да засили било кој клуб ќе посака.

До сега најсериозен кандидат беше лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити, но активно се вклучија и „црвените ѓаволи“ кои оствариле првични контакти со агентите на Чилеанецот.

Жозе Мурињо во обидот да го ангажира Алексис Санчез подготвен е да го жртвува Хенрик Мхтаријан кој игра далеку под очекувањата на Олд Трафорд и плус 25 милиони фунти кои ќе завршат на контото од Арсенал.

Зимскиот преоден рок ќе даде одговор на прашањата околу Алексис Санчез кој на Емирати дојде од Барселона.

OhridNews