Манчестер Сити експресно се врати на победничките патеки во Премиер лигата после ремито со Кристал Палас (0-0) совладувајќи го Ватфорд пред своите гледачи со 3-1. „Граѓаните“ со голот на Стерлинг во 36-та секунда ја најавија победата, а ја заверија Кабаселе со автогол и Агуеро.

– Луѓето не можат да очекуваат дека ние секој натпревар ќе го добиваме со 7-0. Направивме неколку промени во тимот, но тоа е многу важно во овој период од годината. Знам дека ваков распоред мора да постоги, но ова темпо не е нормално. На овој начин ќе ги „убиеме“ играчите. Федерацијата воопшто не ги заштитува играчите, а мора, бидејќи играат цели 11 месеци без никаков одмор. – рече Пеп Гвардиола.

На шести јануари Манчестер Сити на домашен терен во ФА Купот го пречекува Барнли, три дена подоцна ќе се сретне со Бристол Сити во 1/2 финалето во Лига Купот, а на премиерлигашки обврски се враќаат на 14 јануари со дуелот против Ливерпул.

„Граѓаните“ се неприкосновени лидери во англиската Премиер лига со 15-ет бодови позитива пред Манчестер Јунајтед.

OhridNews