Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола втор пат, а клубот од Етихад прв пат ја победува Барселона во натпревар со европските карактер.
„Граѓаните“ со пресврт (3-1) успеаја да ја совладаа Барселона која имаше предност по голот на Лионел Меси.
– До изедначувачкиот погодок бевме во големи проблеми, а Барселона беше доста блиску до втор погодок. После голот на Гундоган ни се врати самодовербата и емоцијата која те носи во вакви мечеви до победа. Клубот и дел од играчите прв пат ја победуваат Барселона и знам што значи тоа за нив. Ни требаше ваква победа по оној убедлив и незаслужен пораз на Ноу Камп. – рече Гвардиола.
Во вториот меч од оваа група во Германија, Менхенгладбах и Селтик ги поделија бодовите играјќи 1-1.
OhridNews