Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен сезонава има импозантен учинок во Бундес лигата и Лигата на Шампиони, но сите треперат околу иднината на Пеп Гвардиола.


Договорот на шпанскиот стратег истекува по завршување на оваа сезона, а се уште се нема искажано дали ќе го продолжи договорот со „баварците“.

Директорот на клубот Карл Хајнц Румениге за германските медиуми изјави дека Гвардиола подготвува изненадување, но се уште не знае какво.

– Не очекува изненадување, а исходот неможам да ви го кажам бидејќи и јас не го знам. – рече Румениге.

Гвардиола клупата на „баварците“ ја презеде пред три сезони откако паузираше една по успешните четири сезони во Барселона.

Ohridnews