Во екот на подготовките и контролните мечеви светски букмејкери ги сооопштија квотите за шампиони во Англија, Германија, Шпанија, Италија и Франција.
Највозбудливо според квотите и квалитетот треба да биде во англиската Премиер лига каде ќе се борат неколку екипи за титулата.
Најголем фаворит за тронот во Англија е Манчестер Сити со коефициент 3,25. Втор на листата е градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед со 4,33, а потоа следуваат Арсенал и Челси со коефициент точно седум.
Во Шпанија букмејкерите очекуваат за титулата да се борат Барселона и Реал Мадрид исклучувајќи го Атлетико Мадрид од трката.
Коефициентот за триумф на Барселона е 1,73 додека на Реал Мадрид изнесува 2,40. На Атлетико е многу поголем односно 11.
Во италијанската Калчо лига, Јувентус е изразит фаворит со 1,53, а по него следуваат Рома и Наполи со коефициент 7.
Баерн Минхен и ПСЖ според букмејмејкерите имаат најмала конкуренција за титулата во Бундес лигата односо Лига 1. Коефициентот за „баварците“ и „светците“ е 1,1. На Борусија Дортмунд е дури 10, а на Лион конкурентот на ПСЖ е 13.
Минатата година коефициентот за шампион на Лестер беше 1000, но „лисиците“ со играта во текот на целата сезона покажаа дека коефициентот не значи ништо.
OhridNews