Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола предвреме ќе го заврши престојот на Алијанц Арената кој според договорот треба да остане до јули годинава.
Од германскиот гигант Баерн Минхен не се задоволни од одлуката на Гвардиола на средината од сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Управата на „баварците“ смета дека клубот паднал во сенка на одлуката од Гвардиола, нешто што не е замисливо за германците.
Каков крај ќе има Шпанецот на Алијанц арената најмногу ќе зависи од пласманот на „црвено белите“ во Лигата на Шампиони.
Противник на Баерн Минхен во 1/8 финалето е разиграниот Јувентус кој има 15-ет победи по ред во Серија А.
OhridNews











