Германскиот првак Баерн Минхен со убедлива победа (7-0) си го трасираше патот меѓу осумте најдобри на стариот континент. Олеснителна околонст за „баварците“ беше црвениот картон на Кучера во 3-та минута.
– Нормално е да бидиме задоволни ова е одличен резултат. Многу беше полесно бидејќи речиси цел натпревар игравме со фудбалер повеќе, а гостите ниту еднаш не го загрозија нашиот гол. Ова беше прв пат во мојата тренеска кариера да вметнам во составот пет напаѓачки фудбалери. Морав така бидејќи во првиот натпревар имавме доста проблеми со нивната одбрана. – рече шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.
Победата, но и враќањето на Холгер Бадштубер ги развесели навивачите на „Алијанц арената“ кои посебно го поздравија повратникот во екипата.
– Многу сум задоволен за враќањето на Бадштубер после две и пол години мачење со повреди. Одигра феноменално. Тој ја разбира играта и има многу осет за простор што е многу важно за еден дефанзивен фудбалер. – додаде Гвардиола.
Мх.П.