Од следната сезона Премиер лигата ќе биде уште поатрактивна и побогата за искуството на Пеп Гвардиола кој ќе го преземе кормилото во Манчестер Сити.

Шпанскиот стручњак со „граѓаните“ потпиша тригодишен договор, а за англиските медиуми тој веднаш откри што го привлекло во лулката на фудбалот.

– Да бев постар со сигурност ќе останев во Баерн Минхен додека челниците на клубот ме сакаа. Но, јас сум се уште млад и сакам нови предизвици, нови емоции и секако ресторани меѓу кои се запознава народот. Еднаш реков дека ќе водам екипа од Премиер лигата поради атмосферата на стадионите и еве дојде време мојот завет да си го исполнам. – рече Гвардиола.

На клупата од Манчестер Сити, Шпанецот ќе го замени Мануел Пелегрини кој по три сезони успешни сезони ќе го напушти Етихад.

Гвардиола во Манчестер сити годишно ќе заработува 15 милиони евра што ќе го направи најплатен тренер на светот.

Гвардиола дефинитивно во Манчестер Сити !

OhridNews