Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола што поскоро ќе сака да ја заборави деби сезоната на клупата на Манчестер Сити. Гвардиола сезоната ќа ја заврши без освоен трофеј, откако испадна во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а сè уште не го има обезбедено ниту пласманот во елитната лига на УЕФА.

Гвардиола и неговиот тим не блескаат сезонава, но нема најави дека тој би можел да биде сменет од функцијата.

Еден од најдобрите тренери на денешницата смета дека доколку бил во иста ситуација во Барселона или Баерн, би добил отказ.

– Притисокот кој тренерот го има во Барселона или Баерн е огромен. Таму мораш да победуваш и немаш друга шанса, без оглед на сè што си направил. Неуспехот не се простува и сигурен сум дека таму по ваква сезона би добил отказ. Сезона без трофеј е нешто на што не сум навикат. – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе игра против Вест Бром и Ботофорд и со две победи ќе обезбеди место во Лигата на Шампионите.

OhridNews