Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола со пораз (1-0) од Баерн Минхен дебитираше на клупата од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.


„Баварците“ на поранешниот кормилар му приредија топло добре дојде поздравувајќи го со громогласни аплаузи и скандирајќи го неговото име на Алијанц Арената.


Човек на одлука на мечот беше Ердал Озтурк кој во 74-та минута погоди за минимална победа на Баерн Минхен.


После овој натпревар „граѓаните“ патуваат во Кина каде ќе одиграат неколку контролни мечеви меѓу кои и градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

OhridNews