Баерн Минхен ја комплетираше дуплата круна во германскиот фудбал триумфирајќи во финалето во Купот на Германија против Борусија Дортмунд по изведувањето на пеналите 4-3 (0-0).


Без голови завршија регуларниот дел од финалето и дополнителните триесет минути, а победникот се одлучуваше на пенали.

„Баварците“ реализираа четири од пет пенали преку Видал, Левандовски, Томас Милер и Даглас Коста додека „милионерите“ постигнаа три голови Кагава, Аубемајнг и Ројс.

Кај „милионерите“ неуспешни изведувачи беа Бендер и Сократес во втората и третата серија додека кај „баварците“ промаши Кимих.


Финалниот меч беше последен за Пеп Гвардиола на клупата од Баерн Минхен кој скршен од тага и со солзи во очите се поздравуваше со фудбалерите.

OhridNews