Екипите на Селтик и Манчестер Сити на „Селтик Парк“ го одиграа најдобриот натпревар во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ремизирајќи 3-3.
Домаќините, три пати имаа предност, но гостите од Манчестер три пати наоѓаа одговор и мечот на крајот заврши со поделба на бодовите.
– Играчите приредија фантастичен натпревар за сите. Постигнавме три погодоци, а не победивме. Ни беше многу тешко, но среќен сум поради реакцијата на моите играчи по секој примен погодок. – рече Пеп Гвардиола и додаде. – После третиот погодок тие немаат ниту еден прилика за нов, а ние створивме неколку шанси. Требаше да постигнеме погодок и да победиме, а не да правиме грешки на почетокот од двете полувремиња.
Во следните две рунди од групната фаза Манчестер Сити ќе ги одмери силите со Барселона која изби на првата позиција по триумфот во Германија над Борусија Менхенгладбах 2-1.
– Морам да излечам и добри моменти од мечот кои секако ќе ни требаат за дуелите со Барселона која е меѓу најдобрите екипи во светот. Токму против таков тим ќе ги видиме нашите сили и квалитети. Но, прво сите се фокусираме на Тотенхем кој ни е следен ривал во Премиер лигата. – потенцираше Гвардиола.
ЛШ: Трилер меч на Селтик Парк, „баварците“ паднаа на Винсенте Калдерон (видео)
OhridNews